СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Р.(64) од Тетово


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Р.(64) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи‘’ и „загрозување на сигурноста“. На 19.07.2019 во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле автоматска пушка, пиштол „Глок’’ со шест куршуми, 29 куршуми од автоматска пушка со калибар 7,62 мм, 25 парчиња пиштолска муниција со калибар 7,62 мм и седум куршуми „Магнум 357“. Додека во јуни 2019 во домот на неговиот братучед Р.И., пријавениот во два наврати упатил закани по животот на Р.И. и животот на членовите од неговото семејство.