СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Џ.(45) од Косово


СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Џ.(45) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 31.01.2021, 40-годишна жителка од с.Бродец, тетовско, на социјалната мрежа „Фејсбук“ забележала дека М.Џ. на нејзиниот профил ги злоупотребила нејзините лични податоци и напишала недолични и навредливи зборови за неа.