СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(56) од с.Одри, тетовско


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(56) од с.Одри, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 02.11.2020 на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, кај с.Лешок, тетовско, полициски службеници сопреле комбе, сопственост на фирма – автопревозник од с.Одри, тетовско, управувано од А.З.. При контролата, било констатирано дека во возилото имало повеќе патници oд дозволеното, според пропишаните протоколи за време на епидемија.