СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(25) од Тетово


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(25) од Тетово, сопственик на угостителски објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.12.2020 околу 20.00 часот во Тетово, при извршена акциска контрола од полициски службеници од СВР Тетово во врска со почитување на воведената забрана за работа на угостителските објекти за посетители по 18.00 часот, било констатирано дека угостителскиот објект на ул.„146“ работел по пропишаното време. Од страна на увидна екипа од СВР Тетово бил извршен увид и известен бил Државниот пазарен инспекторат, од чија страна биле преземени мерки во нивна надлежност, а полициски службеници го лишиле од слобода пријавениот и го привеле во СВР Тетово за понатамошна постапка.