СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј (44) од Скопје


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј (44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.04.2021 од полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, пријавениот заедно со М.М.(22) од Скопје биле затекнати без соодветна дозвола за движење во време на забрана за движење и притоа бил извршен преглед на патничко возило „пежо“, при што кај М.М. била пронајдена една граната калибар 30 мм, М-93, наменета за истрелување од автоматски фрлач на гранати.