СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.С.(28) од Скопје


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.С.(28) од Скопје, поради постоење основано сомнение за стоено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропно супстанции и прекурсори“. На 17.11.2021 од полициски службеници кај Х.С. пронајдени се и одземени еден килограм марихуана, пиштол „чешка зброевка“ и рамка калибар 6,35 мм, 25 куршуми и пари во разни валути и апоени.