СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л.(53) и С.И.(31), двајцата од Струга



СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л.(53) и С.И.(31), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 18.07.2019 во Охрид, полициски службеници извршиле претрес на пријавените и нивните возила. Притоа, во возилото „Форд Фокус“ што го управувал првопријавениот биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.