СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга, Р.Б.(47) од Охрид, како и против правно лице со седиште во Охрид


Реакција на Синдикатот на полицијата за прераспределувањето на полициските службеници - МИА

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга, Р.Б.(47) од Охрид, како и против правно лице со седиште во Охрид,


 

поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата „Далјан“, во близина на Охридското Езеро, сѐ уште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата, ги ангажирал второ и третопријавените – вработени во правниот субјект од Охрид и побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро. Истите, извршиле дотур на земја и камен со што, ја прошириле парцелата на 900 метри квадратни, навлегувајќи и во водите на Охридското Езеро.