СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Г.(29) од Прилеп


Полицијата приведе 36 лица за непочитување на забраната за движење - МИА

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Г.(29) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 18.08.2018, при вршење службени дејствија, полициски службеници од СВР Охрид на паркинг просторот на плажа во Охрид, при преглед на патничко возило и лицата затекнати во возилото, пронашле и одзеле марихуана и таблети МДМА.