СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(64), А.Б.(61), М.Т.(67) и М.М.(49) од сите од Битола


Реакција на Синдикатот на полицијата за прераспределувањето на полициските службеници - МИА

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(64), А.Б.(61), М.Т.(67) и М.М.(49) од сите од Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и правно лице од Берово, управител  В.С. (40), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2016 и 2017, прво, второ, трето и четвртопријавениот ја искористиле службената положба и ги пречекориле границите на своите овластувања, изготвиле и потпишале документација (приемници за сеча, дотур и испратница) во кои било наведено дека дрвната маса потекнува од оддел 65-а, во ШСЕ „Кајмакчалан“, меѓутоа по извршената контрола на терен од стручна екипа од внатрешната контрола од Јавното претпријатие од Скопје, се констатирало дека на оддел 65-а воопшто не била извршена сеча и дотур на техничко дрво. На тој начин пријавените на правното лице му обезбедиле за себе да прибави противправна имотна корист со лажно прикажување дека од нивна страна била извршена услуга, сеча и дотур на дрвна маса од оддел 65-а, преку издавање на фактури во 2016 и 2017 година, а на штета на ЈП Национални шуми во износ од 1.248.064 денари.




Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*