Советот на јавни обвинители го осуди поставувањето експлозив во возило на јавен обвинител



– Советот на јавни обвинители денеска соопшти дека најостро го осудува поставувањето експлозивна направа во возило на јавен обвинител од Кичево. Оттаму изразуваат силна подршка на јавниот обвинител врз кој е спроведен овој чин на насилство, и на сите јавни обвинители во бескомпромисната борба против криминалот.

– Овој чин претставува акт на насилство и закана не само врз јавниот обвинител и членовите на нејзиното семејство, туку е и акт насочен против сигурноста на сите јавни обвинители и функционирањето на целата јавнообвинителска институција и правосудството во целина, истакнаа од Советот.

Оттаму очекуваат дека надлежните државни органи наскоро ќе ги откријат сторителите на овој чин на насилство и нивните мотиви.

– Начелата на законитост и објективно вршење на функцијата јавен обвинител се начела утврдени со уставот и законите, кон нив, сите јавни обвинители мора доследно да се придржуваат при извршувањето на својата функција, и било каков акт на насилство и закана спрема нив лично или институцијата во целина нема да ги поколеба да отстапат од овие начела при спроведувањето на кривичното гонење, наведуваат од Советот.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]