Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово–с.Волковија


На 05.05.2021 во 15.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово–с.Волковија се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа ромео“, управувано од Т.Ѓ.(22) од с.Милетино и патничко возило „ауди“, управувано од И.И.(68) од с.Милетино, двете со тетовски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ѓ., а со телесни повреди се здобил И.И., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.