Скрил дрога во грмушка кај Струга, полицијата го фатила кога ја препакувал


Скрил дрога во грмушка кај Струга, полицијата го фатила кога ја препакувал

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф. Ц. (33) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и против К. К. (33) и А. С. (26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање.


 

Првопријавениот, во месноста Врабич, во близина на патот кон Струга, во грмушка скрил вреќа, во која имало 5 килограми и 480 грама марихуана. Тој бил затекнат во момент кога ја препакувал дрогата, а набргу со патничко возило пристигнале второ и третопријавениот, кои требало да ја преземат дрогата во помали пакувања.

Скрил дрога во грмушка кај Струга, полицијата го фатила кога ја препакувал