Скопјанец под истрага за пронајдени оружје, муниција и дрога


ОЈО поднесе обвинение за скопјанец за недозволено поседување оружје и муниција - МИА

Скопје, 18 септември 2020 () – Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради основано сомнение дека сторил кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а надлежен обвинител вечерва достави предлог за одредување мерка притвор.

Како што информира ОЈО, ссомничениот 24-годишник, во текот на април и почетокот на мај годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Притоа, на различни локации биле пронајдени автоматска пушка 70 F 6699 со пластичен кундак и калибар 7,62мм, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка со калибар 7,9мм, автоматско оружје со навој за пригушувач со калибар 7,65мм на кое биле залепени две рамки со 34 куршуми, два пригушувачи, уште три автоматски и една полуавтоматска пушка завиткани во крпи, како и уште 38 куршуми. Освен ова, во пластично буре била пронајдена наркотична дрога – хероин со вкупна нето количина од 2.362,1 грам, спакувана во пет полиетиленски пакувања.

Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​


Вести

Црвенковски го замрзна членство во СДСМ, повика итно да се свика ЦО на партијата

Скопје, 26 ноември 2020 Јавно обраќање на поранешниот Претседател на РМ и основачот и долгогодишен Претседател на СДСМ Бранкo Црвенковски до раководството и членовите на СДСМ Почитувани сопартијци, Во изминативе 7 години се решив да […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 43 пациенти, вкупно се лекуваат 478

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Бизнис и економија

Сопствениците на возила со странски таблички ќе потпишуваат изјава дека возилото е влезено пред 1 октомври

– Сопствениците на возила со странски таблички ќе треба да дадат изјава дека возилото е влезено во земјава пред 1 октомври за последен пат за да платат помали давачки за регистрација. Министерот за економија Крешник […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*