Скопјанец осомничен дека со нож тешко ја повредил сопствената сестра

ubistvo-noz
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишен жител на селото Волково осомничен за кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, на 15 јуни годинава, во дворот од семејна куќа во Волково, осомничениот тешко го нарушил здравјето на својата сестра и предизвикал нагрденост.


-Осомничениот најпрво започнал вербална расправија на висок тон, упатувајќи навредливи зборови кон оштетената, нејзината ќерка и уште двајца сведоци кои работеле во дворот. Потоа станал агресивен и им се заканил да престанат, а за кратко се вратил во дворот со нож во раката и се упатил кон внуката. Нејзината мајка се обидувала да ја смири ситуацијата и во моментот кога осомничениот замавнал со ножот, таа застанала пред ќерката за да ја заштити, па била прободена во левата страна од лицето во пределот кон слепоочницата, соопшти ОЈО.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење и бегство, оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело или ќе стори кривично дело со кое се заканува, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK