Вчера во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ настанал пожар во стан сопственост на 44-годишната М.С. од Скопје, извести МВР.
„Од пожарот со повреди се здобила сопственичката, констатирани во ЈЗУ „Јане Сандански“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.