Се запали камион “Волво” на регионалниот пат Прилеп – Крушево


На 17.12.2019 во 19.10 часот во Полициското одделение Кривогаштани било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во близина на с.Кривогаштани, настанал пожар во товарно возило „волво“ во движење, сопственост на компанија од Демир Капија, управувано од С.Ѓ.(25) од с.Бистраници, демиркаписко. Пожарот бил локализиран од екипи на Територијалните противпожарни единици Прилеп, Кривогаштани и жители од селото. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.