Се судрија камион и возило на МВР, две лица се повредени




 

Вчера во 09.15 часот на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „ивеко“ управувано од Д.Љ.(27) од Струга и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од А.А.(28) од Скопје. Во незгодата, А.А. и сопатникот од возилото „рекстон“ се здобиле со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.