Се истражува смртта на 11-годишно дете од штитенички дом во Демир Капија


Камион полн со чоколадо експлодирал кај Славонски Брод


 

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со МВР, изврши увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишно дете, штитеник на Специјаниот завод Демир Капија.

Како што информираат од обвинителството, починатото момче било згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно било пронајдено како целосно запуштено живее само, во исклучително лоши услови во Охрид.

Откако беше пронајдено во Охрид, момчето со возило на итната медицинска помош, беше префрлено на детската клиника, а таму медицинска екипа му подготви соба во одделот за изолација.

По закрепнувањето, детето било згрижено во семеен дом.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.