Санкционирани 98 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес


Мобилната единица за безбедност во сообраќајот денеска од 08 до 16 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 98 возачи, информираат од МВР.


 

Од 98 санкционирани, 37 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица со дури над 70 километри на час над дозволеното.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.