Санкционирани 83 возачи за брзо возење на автопатот Скопје- Тетово


Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово, вчера санкциониранирала 83 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.



Двајца возачи возеле дури со брзина од 70 километри на час над дозволеното, 27 возачи со 50 километри на час над дозволеното, информираат од МВР.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.