Санкционирани 75 возачи од Крива Паланка и Ранковце за брзо возење


Во текот на викендот 75 возачи од општините Крива Паланка и Ранковце го прекршиле законот за собраќај, управувајќи ги возилата со брзина поголема од дозволената, а четири возачи биле исклучени од сообраќајот.



-На подрачјето на  Одделението за внатрешни работи Крива Паланка и ОВР Кратово  по преземените мерки и активности во текот на 16 и 17 јануари,  констатирано е дека 75 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од нив,  еден  возач управувал со автомобил пред да се стекне со право за управување моторно возило, а тројца возачи биле под дејство на алкохол. Од сообраќај биле  исклучени четири возила поради непочитување на сообраќајните прописи и две поради непоседување задолжителна опрема, информира Ивана Младеновска, портпарол на  Секторот за внатрешни работи Куманово.

За време на викендот санкционирани се и двајца возачи од двете општини поради изминат рок на возачка дозвола.