Санкционирани 70 возачи на товарни моторни возила, 37 технички неисправни


Во текот на вчерашниот ден контролирани се 563 возила при што преземени се 70 мерки по констатираните прекршоци, во раммки на зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

 

 

Од нив, информираа од МВР, изречени се 37 санкции за технички неисправни возила, 21 санкција по однос на товар и 19 мерки по констатирани прекршоци во однос на возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.