Санкционирани 60 возачи за брзо возење во Куманово


На подрачјето на СВР Куманово во период од 08:00 до 12:00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 60 возачи.


 

-Од вкупниот број санкционирани возачи, тројца ја пречекориле брзината надвор од населено место и 57 во населено место. За сите прекршители изготвени се соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезбеден сообраќај.