Санкционирани 56 возачи за брзо возење во Липково


Спречена кражба на музички инструменти во Берово - МИА

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина над дозволената на територија на општина Липково. Санкционирани се 56 возачи, а изречени се и 17 санкции за други прекршоци, соопштија од Министерството за внатрешни работи.



Од МВР наведоа дека продолжуваат со засилените акциски контроли во сообраќајот.

– Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата, истакнаа од МВР.