Санкционирани 51 возач за пребрзо возење на територија на СВР Битола



Полициски службеници од СВР Битола денеска од 8 до 13 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 51 возач. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, известуваат од МВР.


 

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август 2021 година (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

-Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот утре, па сè до 22.00 часот на 2 Август, на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место наречено Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен, информираат од полицијата.

За безбедно одвивање на сообраќајот потребно е да се почитуваат сообраќајните знаци, прописи и наредби на полициски службеници, велат од МВР.