Санкционирани 441 возач на мотоцикли, 246 возеле без заштитна кацига, 110 без дозвола


Министерството за внатрешни работи во периодот од 12  до 18 септември спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 441 возач.
Од нив, 246 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 110 возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, а поради измината важност на регистрацијата одземени се три мотоцикли.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР