Санкционирани 431 лице поради неносење маска


Филипче: Секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе, да бидеме одговорни – да носиме заштитна маска - МИА

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се  431 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.



Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.