Санкционирани 32 возачи за пребрзо возење на територија на СВР Велес


Во засилена полициска акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, биле санкционирани 32 возачи, информира МВР.


 

Од нив 16 на територија на Велес, 10 на територија на Кавадарци, шест на територија на Неготино.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.