МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 304 возачи.
– Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 145 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 159 надвор од населено место, известуваат од полицијата.
Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.