Санкционирани 246 возачи во Скопје, 90 за брзо возење

policija-kazni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 90 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Како што информираат денеска од МВР, изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас…


Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот и за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK