Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за возење под дејство на алкохол.
Како што информира МВР, изречени се и шест мерки за минување на црвено светло, како и шест санкции за возач почетник.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.