Санкционирани 165 возачи во Скопје, 52 за брзо возење


– На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола и 27 санкции за возење под дејство на алкохол, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за некористење сигурносен појас…

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.