Санкционирани 119 возачи во Ѓорче Петров, 18 за возење без возачка дозвола


Санкционирани 371 возачи во Скопје, 120 за пребрзо возење

– Вкупно 119 санкции беа изречени вчера на територија на Општина Ѓорче Петров, во рамки на засилените акциски контроли што ги спроведува МВР. Осумнаесет од нив се за возење без возачка дозвола, а шест за неригистрирани возила.



Исто така, пет мерки се изречени за возење под дејство на алкохол, четири за технички неисправни возила од јавниот превоз, 11 за минување на затворен семафор – црвено светло, 16 санкции за користење  мобилен телефон и седум санкции за некористење сигурносен појас.

Од Министерството за внатрешни работни посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.