Во текот на изминатата вечер, во периодот од 23:00 – 04:00 часот, на територија на Битола во спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, биле санкционирани 11 возачи .
-За време на контролата биле санкционирани и 15 други видови прекршоци, соопштуваат од полицијата.
Од МВР истакнуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.