Расчистени три разбојништва и една разбојничка кражба, поднесени кривични пријави против четири лица во Скопје

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против E.С. и Ј.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „разбојништво” казниви по член 237 од Кривичниот законик. Пријавените ги сториле делата на 26.01., 13.02. и 01.03.24 во продажни објекти на подрачјето на општина Аеродром, при што со закана кон вработените одзеле пари од дневните промети.


СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против И.Ш.и Ј.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба” казниво по член 238 од Кривичниот законик. На 27.02 2024 во круг на приватна фирма на подрачје на Драчево, пријавените одзеле предмети, а откако биле забележани од две лица, физички нападнале едно од нив, по што со нивното возило удриле во возилото на лицата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK