Расчистени шест кривични дела на подрачјето на Виница

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Виница расчистија шест кривични дела од кои две „тешка кражба“, три „тешка кражба“ во обид од куќи и еднo „мачење на животни“ извршени на подрачјето на Виница.

Како што денеска соопштија од МВР, вчера во полициска станица бил извршен службен разговор со осомничените А.И.(19), Е.М.(21), Б.Д.(18) и С.Ј.(73). Тие ги признале кривичните дела и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn