Пукање во хотел „Александар Палас“ во Скопје


Ноќеска во 00:35 часот пријавено е пукање од огнено оружје во хотел „Александар Палас“ во Скопје, а во инцидентот како што информираат од МВР нема повредени.

– На 01.12.2019 г. околу 00:35 часот пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема, се наведува во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.


Балкан

Хафтар пристигнува во Атина, утре средби со Дендиас и Мицотакис

Лидерот на Либиската национална армија, генералот Калифа Хафтар, под строга тајност, без да биде официјално најавено, вечерва пристигнува во Атина, според информациите во новинарските кругови во Грција, а утре напладне, според грчки владини извори ќе […]

Вести

Пратениците ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за Собранието

– Уште подобро етаблирање на Парламентот како вистински претставник на граѓаните и како независен носител на законодавната власт преку унапредување на неговите служби, ќе овозможат измените и дополнувањата на Законот за Собранието на Република Северна […]

Вести

Судот ја повика докторката да ја образложи здравствената состојба на Тони Трајковски

– Судот ја повика на следното рочиште за „ТНТ“ докторката која на обвинетиот Тони Трајковски му издала медицинска документација за јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува […]