Пронајдени Кинези кои нелегалено ја преминале границата

policija_mvr_433534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Регионален центар Југ на место викано „Караорман“ вчера околу 11: 30 часот ги привеле Ч.Х.(44), В.Р.(47), Ј.Л.(38) и едно малолетно лице, сите од Кина, затоа што по извршените проверки во службената евиденција е констатирано дека немаат остварено легален влез во државата, со што постапиле спротивно на Законот за странци, односно незаконски престојувале во државата.

МВР соопшти дека на лицата од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија им се изготвени решенија за враќање и напуштање на територијата на државата.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK