Пронајдена марихуана при претрес во Арачиново


Истрага за недозволена трговија со марихуана во Скопје - МИА

Скопје, 2 септември 2020 () – Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран  и сериозен криминал  вчера при претрес во Арачиново пронајде и одзеде марихуана.



По претходно добиени оперативни информации и наредба за претрес од Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на Б.А (33) и други простории во  с. Арачиново.

Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.