Приведено лице во Гостивар за издржување затворска казна


Во Гостивар полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера во 15.05 часот го привеле Ш.М.(53) од Гостивар.


 

Како што информираа денеска од МВР, за него била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.