Приведено лице од Липковско за нелегално поседување оружје



Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С. од село Опае, општина Липково, по претходно објавена видео снимка на социјалните мрежи од пукање од оружје.


 

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ со 22 куршума и ловечка пушка „Застава“, за кои не поседувал дозвола.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.