Приведено лице од гостиварско за издржување затворска казна


Гостиварски полициски службеници вчера во 09.30 часот, го привеле Г.О.(45) од с. Равен, гостиварско, по добиена судска наредба.


 

МВР информира дека Г.О. се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Г.О. бил спроведен во Казнено-поправната установа затвор Тетово за издржување на казната.