Приведено лице од гостиварско поради сторено кривично дело „пустошење на шума“

policija_mvr_345435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– МВР информира дека вчера, во 18.35 часот, во с.Добридол, гостиварско, од полициски службеници од СВР Тетово  е лишен од слобода З.Ш.(50) од с.Добридол, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“, казниво по чл.226 од Кривичниот законик.

– Имено, на место викано „Старо школо“ во с.Добридол пронајдени и одземени се околу 30 кубни метри огревни дрва, без соодветна дозвола (без шумски жиг), а кои претходно пријавениот бесправно ги исекол, соопштуваат од полицијата.


По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK