Приведено лице барано со потерница за издржување затворска казна


– Полицијата од Прилеп приведе лице по кое е распишана потерница за издржување затворска казна.



Од МВР соопштија дека Одделението за внатрешни работи Прилеп по распишана потерница од Основен суд Битола, го приведоа T.З.(49) за издржување затворска казна.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Битола.