Приведено албански државјанин, употребил туѓа патна исправа

priveden begalec
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишиле од слобода В.А.(36) од Република Албанија, затоа што кај него била пронајдена македонска патна исправа на друго лице македонски државјанин.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи лицето било задржано во Полициската станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK