Приведено 23-годишно момче по кого била распишана потерница



Полициски службеници од СВР Скопје вчера го приведоа Р.Р. (23) од Скопје, кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување на затворска казна од три години за сторено кривично дело по чл. 236 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Тој ќе биде спроведен во казнено поправна установа, соопшти полицијата.