Приведени тројца разбојници, одземеното вратено кај сопственикот


Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода А.М.(22), Д.Ќ.(44) и малолетник, сите од Скопје. Тие се сомничат дека во 11.25 часот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул.„Македонија“, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари.


 

Како што информираа денеска од МВР, тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.