Приведени криминалци, расчистена тешка кражба во Чаир



Двајца 25-годишни скопјани приведени во полициска станица поради тешка кражба на менувачница и напад на полициски службеник.


 

Од МВР информираат дека на 29 јули годинава, околу 01.45 часот, полициски службеници од полициската станица Чаир ги затекнале 25-годишните А.М. и Б.Р., и двајцата од Скопје, непосредно по извршување на кривичното дело „тешка кражба“ во менувачница во трговски центар на подрачјето на Чаир и при обидот да бидат фатени, Б.Р. физички нападнал полициски службеник.

Од МВР велат дека СВР Скопје – Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Чаир расчисти „тешка кражба“ и против двете лица ќе поднесе кривична пријава за извршено кривично дело „Тешка кражба“, а против Б.Р. и за делото „Напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“.

По преземени мерки и активности на 30 јули, А.М. и Б.Р. биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив, тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела, информираат од полицијата.