Полициски службеници од СВР Велес вчера ги лишиле од слобода велешаните К.И.(23) и И.Б.(69).
Како што информираат денеска од МВР, тие се сомничат дека од двор и тераса на две куќи на ул.„Јовче Тикварски“ во Велес одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.